Дома Македонски спорт Сејдини: Честитки до сите кои дадоа придонес за пласманот во финалето, го докажавте квалитетот на оваа генерација

Сејдини: Честитки до сите кои дадоа придонес за пласманот во финалето, го докажавте квалитетот на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија вчера го победи Косово и се пласираше во финалето од Лигата на Нации каде што ќе игра против Грузија.

Денес преку официјалниот сајт на Фудбалската Федерација на Македонија се огласи претседателот на федерацијата, Муамед Сејдини.

„Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското Европско првенство.

Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет и пласманот во финалето од Лига на нации е доказ за добрата работа и талентот на оваа генерација.

Со својот напор и пожртвуваност, со заедништвото и вербата во себе на целата држава им ја донесовте најголемата вредност: Ја вративте надежта и радоста во секое наше семејство.

Вие сте нашата најуспешна генерација и бидете горди на начинот на кој ја промовирате нашата земја и нашиот фудбал.

Триумфот и пласманот во финалето е доказ дека и мала држава како Македонија може да дојде на чекор до историски резултат и затоа сите заедно треба да продолжиме кон истата цел и да покажеме дека соништата можат да станат стварност со многу труд и посветеност“, изјави Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Неверојатен пресврт на Баерн, Левандовски го доби дуелот со Халанд 🎥

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар кој на крајот им припадна…