Дома Фудбал Сетиен контра Пике: Не знам зошто мисли дека Реал ќе победи на сите натпревари до крај

Сетиен контра Пике: Не знам зошто мисли дека Реал ќе победи на сите натпревари до крај

Изјавата на Жерар Пике после ремито против Севиља не им се допадна на навивачите, но тренерот на Барселона, Кике Сетиен размислува поинаку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона одигра само 0:0 со Севиља, а Пике после натпреварот изјави:

„Мислам дека тешко можеме да ја освоиме Ла Лига. Ќе направиме се што можеме, но претпоставувам дека Реал Мадрид нема да изгуби многу бодови“.

На оваа изјава на Пике сега одговори тренерот Кике Сетиен.

„Тоа очигледно било момент на фрустрација. Посебно затоа што игравме добро во првото полувреме. Можеби чувството во тој момент не е позитивно, но сигурен сум дека не мисли така. Не знам зошто мисли дека Реал ќе победи на сите натпревари до крајот. Јас мислам дека тоа нема да се случи. Реалност е дека работите не зависат повеќе од нас, но тоа може да се промени. И претходно знаевме дека ќе биде тешко да се победи на сите натпревари до крајот, тоа практично беше невозможно“, изјави Сетиен.

Барселона во вторник ќе игра дома против Атлетик Билбао, а прво ќе се надева дека Реал утре вечер нема да победи на гостувањето кај Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…