Дома Фудбал Серхио Рамос имаше што да каже за Мбапе…

Серхио Рамос имаше што да каже за Мбапе…

Францускиот фудбалер, Мбапе долго време се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Странските медиуми се служат со различни методи за да се обидат да дојдат до некои информации врзани за овој трансфер, а на нивна мета се најде и капитенот на Реал, Серхио Рамос.

Него новинарите го запрашаа што мисли за Мбапе, а тој секако имаше само пофални зборови.

„Го видов на натпреварот од Лигата на шампионите каде игравме еден против друг изминатата сезона. Тој е фантастичен играч со неверојатен потенцијал. Многу е брз и добар кога е прашање постигнувањето на погодоци. Тој ќе се бори со најдобрите“, истакна Рамос.

За потсетување, Мбапе има само 18 години, а освен Реал за неговите услуги заинтересирани се и друго европски гиганти, од калибарот на Арсенал и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…