Дома Фудбал Италија Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Серија А го суспендираше Сари на два натпревари

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари на својот тим во Серија А поради црвениот картон кој го доби против Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио во неделата беше поразен со 2:0 од Милан на „Сан Сиро“, а Сари учествуваше во еден инцидент на самиот крај на натпреварот.

На крајот од мечот имаше што да му каже на главниот судија кој му додели директен црвцен картон поради коментарите, а потоа имаше вербален дуел и со Златан Ибрахимовиќ.

Сега е објавено дека Сари ќе ги пропушти наредните два натпревари во Серија А во кои Лацио ќе игра со Каљари и Торин. На клупата ќе се врати на 26. септември во градското дерби против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

МОДЕРЕН МИЛАН: По Аморим доаѓа и спортски директор за да направи револуција!

Милан одлучи да направи револуција по сезоната во која останаа без Лига на шампиони. Како …