Дома Фудбал Репрезентации Серафимов: Игравме против едни од најдобрите играчи во светот, жалиме за ремито со Украина

Серафимов: Игравме против едни од најдобрите играчи во светот, жалиме за ремито со Украина

Maкедонија вчера одигра реми 1:1 и освои бод со кој заврши на четвртата позиција во групата во квалификациите за Европското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот, Никола Серафимов одигра солиден натпревар иако имаше тешка задача да се справи со еден од најдобрите напаѓачи во светот.

„Италијанците и Англичаните се едни од најдобрите играчи во светот. Денес бевме подобри во одбраната од претходниот дуел во Рим. Штета што повторно примивме гол од прекин, ни се случува по којзнае кој пат и тоа мора да го поправиме ако сакаме подобри резултати во иднина.

Ова е позитивен резултат за нас против Англија и се надевам дека овој меч ќе ни биде водилка за понатаму. Имавме доста тешка група, игравме против светски велесили како Италија и Англија, тука е и Украина која беше до крајот во игра за ЕП 2024. Жалиме за оној меч со Украина во Скопје кој го загубивме по предност од 2-0“, изјави Серафимов.

Следен предизвика за македонските фудбалери се натпреварите во Лигата на Нации наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…