Дома Фудбал Лига на шампиони Сензација се во Ла Лига, но ќе имаат ли право да играат Лига на шампиони?

Сензација се во Ла Лига, но ќе имаат ли право да играат Лига на шампиони?

По 15 одиграни кола во шпанската Ла Лига на врвот посебно изненадување е тимот на Жирона која заедно со Реал Мадрид на врвот има 38 бода.

Овој тим забележа само еден пораз во текот на сезоната и тоа токму од Реал Мадрид. Затоа фудбалската јавност се прашува колку овој тим би можел да издржи и дали можат да бидат „новиот Лестер“.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Прерано е да се зборува, меѓутоа засега добро им оди, а ако успеат покрај моќните Барса, Реал, па и Атлетико би било вистинска сензација.

Но, постои едно правило на УЕФА кое може да им направи проблем. Без разлика како ќе завршат на табелата, не е јасно дали ќе можат да играат во Лигата на шампионите.

Правилото на УЕФА е дека клубови со иста сопственост не можат да играат во исто натпреварување во Европа. Жирона е во сопственост на истите газди на Манчестер Сити за кој треба да се случи чудо па да не избори место во ЛШ.

Според правилата на УЕФА ако тимовите се во иста сопственост предност добива тимот кој е подобро пласиран на табелата. Останува да се види прво каков ќе биде резултатот на Жирона на крајот од сезоната, а потоа и дали може да се најде „дупка“ во правилата на УЕФА, па и двата тима да играат во европската елита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Најдобр…