Дома Фудбал Сензација на Азискиот Куп: Јордан е прв финалист

Сензација на Азискиот Куп: Јордан е прв финалист

Репрезентацијата на Јордан е прв финалист на Азиското првенство откако во полуфиналето изненадувачки ја победи Јужна Кореја со 2-0.

Корејските фудбалери важеа за фаворити пред полуфиналето, меѓутоа Јордан приреди сензација.

Во првото полиувреме мрежите мируваа, а во вториот дел Ал-Наимат и Ал-Тамари со два гола ги испратија дома Сон и дружината.

Јордан во финалето ќе игра против победникот oд второто полуфинале во кое утре ќе се сретнат Иран и Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…