Големо изненадување се случи на стартот на последниот Мастерс сезонава во Париз. Шпанецот Рафаел Надал доживеа елиминација уште во првото коло.
Подобар од Надал беше Томи Пол со 2:1 во сетови (3:6, 7:6 и 6:1). Надал добро го започна мечот и првиот сет го доби со 6:3, но потоа следуваше пресврт на противникот. Вториот сет донесе изедначена игра и се решаваше во тај-брејк каде што Пол беше поуспешен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во третиот сет Надал целосно се распадна, го загуби својот сервис и Пол поведе со 2:1. До крајот доминираше и со 6:1 славеше победа и приреди голема сензација во Париз.
Претходно во текот на вчерашниот ден елиминиран беше и третиот тенисер во светот, Данил Медведев.