Дома Фудбал Останато Сензација во најава: Зидан на клупата на Ливерпул?!

Сензација во најава: Зидан на клупата на Ливерпул?!

Често пати се шпекулира за можниот нов клуб за Зинедин Зидан, но тој се уште е без тренерски ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во кариерата Французинот досега беше тренер само на Реал Мадрид каде што остави длабока трага и освои три трофеи во Лигата на шампионите. Вториот мандат го заврши пред две години и од тогаш е без работа.

Се поврзуваше со селекцијата на Алжир, но на крајот ја одби таа понуда порачувајќи дека чека нешто поголемо.

Претходно неговиот добар пријател Криштоф Дугари најави дека наскоро би можел да се врати.

„Го сака Алжир, но го разбирам зошто донесе таква одлука. Реалноста е поинаква, има поголеми амвиции“, изјави Дугари.

Последните информации од Островот се дека влегол во преговори со Ливерпул за седнување на клупата по заминувањето на Јирген Клоп кој ја напушта клупата на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ: Начинот на кој Босна загуби е голема лекција на СП за сите

Босна и Херцеговина го заврши настапот на СП. Иако имаа играч повеќе, беа поразени со 2:0 …