Узбекистанецот Денис Истомин го направи едно од најголемите изненадувања во изминатата деценија на Грен слем турнирите откако во второто коло го елиминира бранителот на титулата и шесткратниот освојувач на Аустралијан Опен, Новак Ѓоковиќ.
Узбекистанецот кој се наоѓа на 117-то место на АТП листата ја оствари најголемата победа во својата кариера и по речиси пет часа игра славеше со 3:2. Истомин е првиот тенисер кој не е меѓу најдобрите 100, а кој успеал да го победи Србинот на некој од грен слем турнирите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ѓоковиќ, кој во Мелбурн има шест титули, од кои четири во последните четири години, само во 2008 година испаднал во второто коло на Аустралијан Опен.
„Жал ми е за Новак, но денес играв одлично. И јас сум изненаден од моето издание. Ова е мојата најголема победа, сега се чувствувам дека можам секого да победам“, рече Истомин по мечот на централниот терен во Мелбурн.
Денис Истомин во третото коло ќе игра против Пабло Крењо-Буста.