Дома Видео Сенегал обезбеди финале на Афкон

Сенегал обезбеди финале на Афкон

0

Сенегал после продолженијата успеа да го совлада ТУнис со 1:0 и да се пласира во финалето на Афричкиот куп на нации.

Иако Сенегалците пред натпреварот беа благи фаворити, Тунис прикажа добра игра и во изедначена борба на двете репрезентации имаа свои шанси да го решат парашањето на победникот во регуларниот дел.

Сенегал беше подобар противник во првиот дел, создаде некоку добри шанси, а најдобрата беше во 26. минута кога Сабали добро шутираше на голот, но топката ја погоди стативата.

После тоа и Садио Мане во 39 минута имаше шанса да ја донесе својата репрезентација до водство, но неговиот шут помина покрај голот.

Продолжението донесе многу подобра игра на Тунис и во неголку наврати го загрози голот на Сенегал, а во 72. минута Тунижаните ја имаа и најдобрата шанса кога беше досуден пенал во нивна корист.

Топката ја зема Ферјани Саси, но шутираше очајно и голманот на Сенегал лесно го одбрани неговиот шут.

Девет минути подоцна, Сенегал имаше идентична шанса да стигне до водство, но Хенри Сејвет исто така беше непрецизен.

Наптреварот замина во продолженија, а Сенегал во 100. минута конечно стигна до водство кога при едно нафрлување во шеснаесетникот на Тунис, Брон ја смести топката во сопствената мрежа.

Во 115. минута Тунис можеше да добие уште еден пенал, но судијата после прегледувањето на ВАР снимката одлучи дека нема пенал па така Сенегал се пласираше во финалето.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…