Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Хрватска со жестока забрана за фудбалерите за Мундијалот

Селекторот на Хрватска со жестока забрана за фудбалерите за Мундијалот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ повлече радикален потег пред Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Далиќ одлучи да им забрани пристап на сопругите и девојките во кампот на репрезентацијата и оваа одлука сигурно нема да им се допадне на фудбалерите.

Во гостувањето во една емисија Далиќ зборуваше за актуелностите пред Светското првенство, а посебно интересен беше делот за дружењето со сопругите и девојките.

„Жени, сопруги и девојки во кампот на репрезентацијата? Нема збор за тоа! Ние таму имаме сериозна работа, не сум против тоа кратко да се гледаат после натпреварите, но во кампот мораме сериозно и максимално да бидеме сконцентрирани на работата“, изјави Далиќ.

Хрватска ќе игра во група со Аргентина, па очекувано Далиќ доби прашање за Лионел Меси.

„Меси не е играч кој можете да го чувате само со еден чувар, потребно е целиот тим да игра против него. Мораме да го спречиме да ја прими топката, сепак ние прво мораме да размислуваме за Нигерија“, истакна Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шоу над Мадеира: Родниот град на Роналдо на спектакуларен начин му кажа благодарам

Иако Светското првенство не му донесе големи емоции на крајот, Мадеира реализираше нешто н…