Женската македонска А репрезентација на 5. декември во Софија ќе го одигра натпреварот од 4. коло во Лига на нации против домашната Бугарија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за мечот против нашиот источен сосед ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје);
Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);
Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед);
Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед);
Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и МАкедонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија.
Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3. декември во Скопје.