Дома Фудбал Седорф на клупата на славниот шпански клуб

Седорф на клупата на славниот шпански клуб

Поранешниот холандски репрезентативец, Кларенс Седорф може да седне на клупата на шпанскиот клуб Депортиво Ла Коруња, пренесуваат шпанските медиуми.

Раководството на Депортиво му врачи отказ на тренерот Кристобал Парало после тешкиот пораз од Реал Сосиедад, кој што го остави тимот во зоната за испаѓање.

Шпанскиот клуб веќе ги направил првите контакти со Седорф, кој во тренерската кариера го водеше Милан и второлигашки кинески клуб.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Холанѓанецот е многу блиску да ја прифати понудата и да седне на кормилото на Депортиво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Федерико Киеза на излез од Ливерпул, три клуба заинтересирани

Федерико Киеза би можел да го напушти Ливерпул и да се врати во Серија А, со интерес од Ин…