Дома Фудбал Сега и официјално: Роналдо доаѓа во Скопје!

Сега и официјално: Роналдо доаѓа во Скопје!

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед денес ќе пристинат во Скопје за утрешниот Суперкуп, а тренерот на „кралевите“ пред малку го објави комплетниот список на играчи.

Европскиот шампион доаѓа со сите свои ѕвезди, вклучително и најдобриот фудбалер на светот Кристиано Роналдо.

Португалецот беше под знак прашалник за Суперкупот, бидејќи одржа само еден заеднички тренинг со соиграчите, откако доби продолжен одмор поради настапот со Португалија на Купот на Конфедерациите.

Роналдо ја пропушти комплетната турнеја во Соединетите Американски Држави, но ќе биде дел од тимот кој утре ќе ги одмери силите со Манчестер Јунајтед за престижниот трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бибиње одби да излезе на терен: На Сите Светци нема да играме!

Хрватскиот нижолигаш не настапи против Дебељак поради празникот Сите Светци, со образложен…