Дома Топ вести Сега имаме и потврда: Нејмар е пред заминување од ПСЖ!

Сега имаме и потврда: Нејмар е пред заминување од ПСЖ!

Повеќе нема дилеми – се преговара за трансферот на Нејмар!

Бразилецот Нејмар ова лето на големо се поврзува со заминување на ПСЖ, а како што одминува времето станува јасно дека тој повеќе нема да игра за клубот од Париз.
Дека работата е сериозна стана јасно кога Нејмар не се појави на време на припремите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нејмар најмногу се поврзуваше со Барселона и Реал Мадрид, но еден период имаше најави и дека Јувентус може да направи обид да го доведе.

Сепак, негова желба е враќање во Барселона, барем така изгледа по неговите постапки. Меѓутоа и Реал не се откажува утрово каталонскиот „Спорт“ пишуваше дека во Париз била испратена понуда од 200 милиони евра од страна на Реал.

Сега ни пристигна нова информација или ако сакате доказ дека Нејмар е пред заминување.

Имено, спортскиот директор на „светците“ Леонардо потврди дека се водат напредни преговори за заминување на Нејмар, но не откри за кој клуб станува збор. Дека навистина е така покажува и тоа што Нејмар нема да биде во составот за натпреварот од првото коло во Лига 1 против Нимес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…