Дома Македонски спорт Сега е на Пандев да одлучи: Џенова веќе му понуди нов договор!

Сега е на Пандев да одлучи: Џенова веќе му понуди нов договор!

Горан Пандев на Европското првенство ги одигра последните натпревари во дресот на македонската репрезентација, но Пандев не објави крај на кариерата и остави простор дека можеби ќе одигра уште една сезона на клупско ниво.

Пандев како што е познато најголемиот дел од кариерата го помина во Италија и со Интер во 2010 година стигна до триплета и Лигата на шампионите, а е и најдобар стрелец во македонската репрезентација со 38 гола на 122 натпревари.

Актуелниот договор со Џенова му истекува на 30. јуни, а вечерва италијанските медиуми објавија дека Џенова веќе ја доставила понудата до Пандев за продолжување на соработката, сега на Гоче е да одлучи дали ќе продолжи или не.

Според информациите на медиумите во Италија понудата за нов договор на Пандев е до 2022 година.

Треба да се спомене и дека тренерот Балардини отворено порача дека сака да го има Пандев и во наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Спировски: На вистински пат сме повторно да направиме нешто големо за Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски е уверен дека националниот тим пр…