Дома Трансфер зона Севиља го сака Димитриевски, Рајо ја одби првата понуда

Севиља го сака Димитриевски, Рајо ја одби првата понуда

0

Шпанските медиуми пренесуваат дека Севиља покажува сериозен интерес за македонскиот голман Столе Димитриевски, кој моментално настапува за Рајо Ваљекано.

Димитриевски со Рајо Ваљекано не успеа да обезбеди опстанок во Примера, но можно е летово да се врати во елитата доколку прифати една од понудите кои доаѓаат на негова адреса.

„Марка“ објави дека андалузискиот клуб, кој веќе потроши 100 милиони евра досега летово на засилувања, испратил понуда од 2,5 милиони евра за Димитриевски, но истата експресно била одбиена.

Претходно Еспањол испрати повисока понуда од 4.5 милиони евра, но првите луѓе на Рајо немаат намера да се откажат од Димитриевски и за него бараат 6 милиони колку што и изнесува неговата клаузула во договорот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Атлетико блиску до договор: На „Сан Сиро“ пристигнува големо засилување!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Атлетико Мадрид се блиску до договор за нап…