Дома Фудбал Севиља го отпушти тренерот, ја врати легендата на кормилото!

Севиља го отпушти тренерот, ја врати легендата на кормилото!

0

Севиља очекувано го отпушти тренерот Пабло Мачин по серијата лоши резултати, кои кулминираа со елиминацијата вчера од Лигата на Европа.

Андалузијците беа елиминирани од Славија Прага, што ја прели чашата, па челниците одлучија да реагираат и му врачија отказ на Мачин.

До крајот на сезоната, тимот ќе биде предводен од Хоакин Капарос, поранешен тренер на тимот, кој беше на чело во периодот 2000-2005 година и стекна легендарен статус во овој клуб.

62-годишниот Капарош ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а целта ќе биде да ја врати Севиља во Лигата на шампиони следната сезона, односно да заврши во Топ 4 во Примера.


Следете го Sportski.mk и на


Падот на Мачин започна во почетокот на 2019 година, кога Севиља победи на само два од последните 11 меча, па падна на 6-то место на табелата.

Ова е десетта тренерска промена во шпанската елита во текот на сезоната – по две во Реал Мадрид, Селта и Виљареал, а една во Хуеска, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…