Дома Фудбал Англија Светот се надева: Колиба на остров во тој предел може да биде спасот за Сала и пилотот! (ФОТО)

Светот се надева: Колиба на остров во тој предел може да биде спасот за Сала и пилотот! (ФОТО)

Полицијата се уште во потрага по Емилијано Сала и авионот со кој овој фудбалер исчезна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес е веќе трет ден од потрагата, а полицијата и спасувачките служби се уште немаат конкретни информации за тоа каде се наоѓа авионот. Очекувањата се дека тој се срушил во Ла Манш.

Како што е познато последниот контакт со авионот е изгубен во понеделникот околу 20:00 часот.

Сите кои што се добро запознаени со тој простор, како и луѓето кои ја водат истрагата во јавноста порачаа дека шансите дека пилотот и Сала се преживеани се минимални.

Сепак, денес на социјалните мрежи се појавија фотографии од колиба на островот во тој предел и се смета дека токму таа би можела да биде нивниот единствен спас. Надежта дека можеби се наоѓаат на ова место се појави со чадот кој наводно е во близина на колибата.

Ваквите информации не се потврдени од некои официјални служби и треба да се земат со доза на резерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Kejn го сруши „проклетството“ на Англија на Светското Првенство после 60 години

Фудбалската репрезентација на Англија го забележа важен триумф во осминафиналето на Светск…