Саудиската лига покрена истрага против Кристијано Роналдо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ал Наср славеше на гостувањето кај Ал Шабаб со 3:2 во рамките на 21. коло од саудиската лига.
По завршувањето на натпреварот настана големо славје на гостите, а домашните навивачи го испровоцираа Роналдо извикувајќи го името на неговиот најголем ривал Лионел Меси.
Португалецот тоа го налути, се сврте кон трибината и им одговори на навивачите прво фаќајќи се за уво, сугерирајќи дека „не ги слуша добро“, а потоа се фати за меѓуножјето.
Поради ваквото однесување Саудијците денеска објавија дека покренале истрага против Роналдо. Тој беше обвинет за „неморал“. Дисциплинската комисија треба да донесе одлука во следните два дена.