Дома Фудбал Англија Саудиец понудил астрономска сума за Манчестер Јунајтед!

Саудиец понудил астрономска сума за Манчестер Јунајтед!

Принцот од Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман спрема и трета понуда за купување на Манчестер Јунајтед.

Според извори блиски на клубот, „црвените ѓаволи“ веќе одбиле две понуди, а втората изнесувала неверојатни три милијарди фунти.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сегашните сопственици на Јунајтед, американското семејство Глејзер два пати на Арапите им порачал дека клубот не е на продажба.

Тие на чело на Јунајтед се од 2005 година, но јасно е дека нивните планови не се да заминат во блиска иднина. Тие имаат јасен план и амбиции да го вратат Јунајтед, тоа го покажаа со одбивањето на понудата од три милијарди фунти.

Во овој момент вредноста на клубот изнесува 2.64 милијарди долари и Саудиеецот беше сериозен во својата намера.

Наводно семејството Глејзер може да го продаде Јунајтед само за понуда поголема од четири милијарди евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…