Дома Фудбал Сари: Ќе се бориме за Топ 4, ништо повеќе од тоа!

Сари: Ќе се бориме за Топ 4, ништо повеќе од тоа!

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари уште еднаш потврди дека „сините“ немаат никакви шанси за титулата оваа сезона.

Гвардиола го вклучи и Челзи во борбата за титулата, но Сари не се согласува со оглед на фактот што неговиот тим заостанува 12 бода зад Манчестер Сити и Ливерпул.

„Не мислам дека имаме шанси и дека сме во трка за титулата. Ќе се бориме за место во Топ 4, но ништо повеќе од тоа. Се разбира дека можеме да освоиме некој трофеј, но битката за титулата во Премиер лигата е помеѓу Сити и Ливерпул. Во моментов сметам дека Сити е најдобриот тим во Европа“, истакна Сари, а потоа го пофали Игуаин.

„Мислам дека Гонзало е фантастичен фудбалер. Тој постигнува голови каде и да игра. Притоа сметам дека тој е идеален партнер на Еден Азар“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Петмина Италијанци на тенок мраз: Жолт картон против Франција носи пауза

Донарума, Бастони, Фаџоли, Вергара и Скамака мора да внимаваат против Франција – нов жолт …