Дома Фудбал Сари после финалето добива отказ, Челзи ја враќа легендата

Сари после финалето добива отказ, Челзи ја враќа легендата

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович донел одлука да му врачи отказ на Маурицио Сари веднаш после финалето во Лига Европа.

Абрамович ќе му врачи отказ независно од исходот на финалето, а причина за тоа е лошиот однос кој Сари го има со фановите на Челзи, пренесува „Скај Спорт“.

Најголем фаворит за негов наследник е легендата на Челзи, Френк Лампард кој моментално е на кормилото на Дерби Каунти.

Во Челзи биле импресионирани како Лампад го водеше Дерби оваа сезона и стигна до финалниот плеј-оф за влез во Премиер лигата, па сметаат дека е вистинско време да му ја доверат клупата на „Стенфорд Бриџ“.

Се очекува Лампард да биде прифатен од сите во клубот, а најмногу од фановите, бидејќи е вистинска легенда која цели 13 години помина на „Стенфорд Бриџ“ и одигра 648 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез со проектил ја крена Венеција од дното, Занети тргна со пораз во Удинезе

Венеција славеше со 2-1 во дуелот за бегство од последното место, а Кике Перез го реши меч…