Дома Фудбал Сари искрен за голот на Дибала: Си помислив кој ку*ац шутираш од таму (ВИДЕО)

Сари искрен за голот на Дибала: Си помислив кој ку*ац шутираш од таму (ВИДЕО)

Јувентус вчера пред своите навивачи го победи Атлетико Мадрид со 1:0, а херој во победата беше Паоло Дибала.

Одлучувачкиот момент вчера се случи во судиското продолжение од првото полувреме. Тогаш Дибала изведе слободен удар од една тешка позиција и постигна спектакуларен гол.

Аргентинецот игра во фантастична форма и во последно време се повеќе добива доверба од Маурицио Сари. После натпреварот тренерот Јувентус призна дека не очекувал Дибала од таму да шутира директно.

„Дибала постигна гол од позиција од која никој не очекувате. Првата работа која ќе си ја помислите е: Кој ку*ац шутираш од таа позиција, тоа и јас го помислив во тој момент. Сепак, направи нешто неверојатно и публиката го награди. Одигра супер натпревар и постигна маестрален гол“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…