Дома Фудбал Англија Сари застана во одбрана на Мурињо: Заслужува поголем респект!

Сари застана во одбрана на Мурињо: Заслужува поголем респект!

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари изрази јавна поддршка за својот колега од Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо и тоа пред големото дерби кое на програмата е утре во Премиер лигата.

Сари повика на поголем респект кон Португалецот, кој веќе подолго време е мета на критики поради слабите игри и резултати на „црвените ѓаволи“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Зборуваме за тренер кој освоил се. Мурињо освојуваше титули секаде, па мислам дека заслужува голем респект. Мислам дека и сите виде треба повеќе да го респектирате. Тој е еден од најдобрите во светот“, изјави Сари.

„Малку сум изненаден од резултатите на неговиот тим, но тоа може да се случи. Мислам дека ќе се подобрат многу во Премиер лигата, се уште е многу рано. Јунајтед го има еден од најдобрите тимови во лигата и сигурно ќе ни биде многу тешко утре“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…