Дома Фудбал Англија Сари е пред отказ: Челзи има листа од пет кандидати за негов наследник

Сари е пред отказ: Челзи има листа од пет кандидати за негов наследник

sari

Маурицио Сари се наоѓа на излезни врати од лондонски Челзи.

Лошата игра и резултатите доведоа до револт помеѓу навивачите на лондонскиот клуб и се поголем е бројот на оние кои сметаат дека Сари треба да го напушти клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Посебно незадоволството е изразено после поразот во ФА Купот на „Стенфорд Бриџ“ од Манчестер Јунајтед (0:2), а ако го изгуби наредниот натпревар извесно е дека на Италијанецот ќе му биде покажана излезната врата.

Челзи утре во Лигата на Европа игра против Малме и имаат предност од 2:1 од првиот натпревар, проблеми не би требало да има кога во прашање е пласманот во следната фаза. Сепак, во случај на пораз се очекува заминување на Сари. Доколку го преживее Малме клучен може да биде натпреварот во финалето од Лига Купот против Манчестер Сити кој многу ќе значи за Италијанецот.

Англиските медиуми пишуваат дека во раководството на „сините“ од поодамна се размислува за замена на Сари. Во случај на негов отказ сакаат брзо да реагираат. На листата засега има пет потенцијални кандидати.

Ги предводи актуелниот помошник на Сари, Џанфрако Ѕола. Тој е најголем кандидат за ова место, а навивачите го сакаат и сигурно ги паметат неговиот големи натпревари на теренот.

Наводно еден од кандидатите е Жозе Мурињо. Меѓутоа оваа опција е тешко остварлива бидејќи не е реално да се очекува дека Португалецот по трет пат ќе ги превземе „сините“.

Покрај Ѕола шанси да го наследи Сари има и Џими Флојд Хаселбанк. Поранешниот херој на овој тим кој има менаџерско искуство и многумина сметаат дека тој за Челзи може да биде она што сега е Солскјер за Манчестер Јунајтед.

Со Челзи се поврузваат уште Гус Хидинг и Арсен Венгер. Сепак, искусните стратези тешко ќе станат менаери на лондонскиот клуб. Посебно тоа важи за Венгер за кој не веруваме дека би го предал својот Арсенал со водење на големот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…