Дома Фудбал Англија Сари го прокоментира доаѓањето на Игуаин

Сари го прокоментира доаѓањето на Игуаин

Трансферот на Гонзало Игуан во Челзи е само прашање на време, а тоа сигурно ќе го израдува тренерот Маурицио Сари бидејќи Аргентинецот беше неговата најголема желба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, кога беше запрашан дали е договорен трансферот на Игуаин, Маурицио Сари не даде конкретен одговор и истакна дека тој не се меша во трансферите.

„Сакам да бидам јасен затоа што не можам да ви помогнам многу. Зборував со директорката Марина Грановскаја пред две недели и таа го знае моето мислење за тоа како да го подобриме тимот. Потоа јас одлучив да се фокусирам само на тоа што се случува на теренот, на натпреварите, тренинзите“, истакна Сари.

„Сега јас сум самоуверен затоа што знам дека Марина работи навистина напорно, но не знам ништо за трансфер пазарот затоа што сакам да се фокусирам на натпреварите. Не ја барам секој ден и не си ја трошам силата на трансфер пазарот. Мислам дека полесно е да ја трошам на теренот“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез најави трансфер од 150 милиони евра: Новинарка откри за кој фудбалер станува збор

Откако го договори доаѓањето на Жозе Мурињо, како и засилувањата во одбраната Дензел Дамфр…