Дома Фудбал Англија Сари: Азар се уште нема донесено одлука за својата иднина!

Сари: Азар се уште нема донесено одлука за својата иднина!

Иднината на Еден Азар на „Стенфорд Бриџ“ е неизвесна и се погласни се шпкулациите дека на крајот на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Азар во неколку наврати одби да го продолжи договорот со Челзи, па „сините“ на лето ќе бидат приморани да го продадат бидејќи Белгиецот влегува во последната година од договорот.

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека Азар се уште не одлучил за неговата иднина.

„Тој се уште не одлучил дали ќе остане со нас или ќе побара нов предизвик во друг клуб. Не сум свесен за ситуацијата, но мислам дека Еден се уште не одлучил за својата иднина“, изјави Сари, а потоа го „искритикува“ Белгиецот.

„Тој повеќе е индивидуален играч отколку што е лидер на тимот. Се разбира дека е многу важен за нас, бидејќи е одличен играч. Може да добие натпревар во само минута, со еден единствен потег“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси во „војна“ со Манчестер јунајтед и Астон вила за искусен напаѓач

Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед водат голема борба за потписот на српскиот г…