Дома Фудбал Останато Сантос најдобар селектор, Диего Симеоне најдобар тренер!

Сантос најдобар селектор, Диего Симеоне најдобар тренер!

Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи Фернандо Сантос за најдобар селектор, а Диего Пабло Симеоне за најдобар тренер во светот во 2016 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фернандо Сантос признанието го доби бидејќи со Португалија успеа да го освои Европското првенство. Португалецот доби 199 бодови, 128 повеќе од Ларс Лагербек, кој со Исланд беше најголемото изненадување на Европското првенство.

Во првите пет уште се германскиот селектор Јоаким Лев, селекторот на Велс, Крис Колман и предводникот на Франција Дидие Дешамп.

Наградата за тренер на годината замина кај стратегот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне. Аргентинецот доби пет поени повеќе од тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Трет во овој избор е Клаудио Раниери кој со Лестер ја освои титулата во Премиер лигата, а потоа следуваат Пеп Гвардиола, Унаи Емери, Луис Енрике, Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…