Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Сампаоли побара прошка, навивачите го плукаа и навредуваа

Сампаоли побара прошка, навивачите го плукаа и навредуваа

0

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли е посочен како главен виновник за лошиот настапи на „гаучосите“ на Мундијалот.

Незадоволни од дебаклот на својата репрезентација, навивачите на Аргентина пееја навредливи песни и плукаа по селекторот.

Сампаоли ја презеде одговорноста за поразот од Хрватска и јавно побара прошка од фановите.

„Ги молам фановите за прошка. Особено оние кои направија голем напор да патуваат до тука за да ја гледаат Аргентина. Јас сум одговорен за овој резултат. Го направив најдоброто што можев но едноставно не одеше како што треба. Чувствовам болка. Но треба да се бориме и во последниот меч да дадеме се од себе, немаме друга алтернатива“, изјави видоно разочаран Сампаоли.

„Имав план кој сепак не функционираше и не сметам дека треба да го обвинувам Кабаљеро. Меси е ограничен, бидејќи нема добра врска меѓу него и останатите. Еден тренер треба да ги решава овие проблеми и морам да ја преземам одговорноста“, додаде селекторот на „гаучосите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Бензема му одговори на Де Лаурентис: Уште еден лудак!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис денес ги демантираше шпекуалциите дека клубо…