Дома Фудбал Репрезентации Сампаоли: Невозможно е да го научиш Меси нешто ново

Сампаоли: Невозможно е да го научиш Меси нешто ново

Репрезентацијата на Аргентина вечерва игра пријателски натпревар против Шпанија, а во конкуренција за натпреварот ќе биде и Лионел Меси.

Меси не играше пред неколку дена против Италија, бидејќи Сампаоли одлучи дека е подобро да се одмори и да биде подготвен за Шпанците. Тренерот на Аргентина рече дека на тренингот е едноставно “невозможно” Меси да го научиш нешто ново.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Меси е невозможно да научи нешто ново, тој е неверојатен. Него пред се мора да го разберете, а не да го научите. Логично е да се изгради тим околу него, бидејќи тој е најдобар играч во светот ” – рече Сампаоли.

Во Аргентина се надеваат дека Меси конечно ќе ја освои титулата светски шампион со својата репрезентација ова лето и на тој начин ќе го додаде единствениот трофеј кој му недостига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…