Дома Фудбал Само седум минути – толку траеше радоста на Еибар на гости кај Осасуна

Само седум минути – толку траеше радоста на Еибар на гости кај Осасуна

Осасуна и Еибар ги поделија бодовите од дуелот во 27-то коло на шпанската Ла Лига одигрувајќи 1:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостите можеа да поведат во 15-та минута, но шутот на Енрик од петтерецот беше фантастично одбранет од домашниот голман. Десет минути подоцна, шутираше и Инуи, но Сиригу повторно беше на висина на задачата.

Сепак, домашниот голман мораше да ја вади топката од својата мрежа во 72-та минута, кога Кике со волеј на асистенција на Капа погоди за 0:1. Но, радоста на гостите траеше кратко, само седум минути, кога Кенан Кодро погоди на асистенција од Ромеро. Ромеро го одработи поголемиот дел од работата, а на Кодро не му беше тешко да ја смести топката во празниот гол од само еден метар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…