Дома Фудбал Салах: Чест е што клуб како Барселона се интересира за мене

Салах: Чест е што клуб како Барселона се интересира за мене

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах се уште не може да постигне договор со својот клуб за продолжување на соработката.

Египќанецот има големи претензии и сака да биде најплатен фудбалер во Премиер лигата, па не може да се договори со Ливерпул.

Салах на лето влегува во последната година од договорот и веќе почнаа да се појавуваат шпекулации. Тој самиот призна дека се радува на интересот од страна на Барселона.

„Слушнав дека Чави сака да  ме донесе во Барселона. Тоа што таков клуб се интересира за мене ме радува. Меѓутоа, јас сум среќен во Ливерпул. Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Во моментов преферирам да останам во Премиер лигата, бидејќи е најдобро првенство во светот“, изјави Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…