Мохамед Салах синоќа со два гола за Египер се искачи на второто место на вечната листа на стрелци во египетската репрезентација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После натпреварот ѕвездата на Ливерпул не ја исклучи можноста за трансфер и призна дека сака да игра во Шпанија.
„Не зависи од мене дали ќе останам. Ќе видиме што ќе се случи, но преферирам да не зборувам за тоа сега. Мојот однос со Клоп е нормален однос меѓу две личности. Така би го опишал тоа“, изјави Салах.
„Се надевам дека ќе играм уште многу години, па зошто да не заиграм и во Шпанија, никој не знае што носи иднината, па можеби еден ден ќе играм таму“, додаде Египќанецот.