Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах призна дека е спремен да ги смени сите индивидуални награди кои ги освои сезонава за можноста повторно да одигра финале во ЛШ против Реал Мадрид.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Салах беше прогласен за плејмејкер на сезоната во Премиерлигата, а ја подели и „Златната копачка“, затоа што имаше ист број голови со Хеунг-мин Сон од Тотенхем.




Неговиот Ливерпул загуби во финалето од ЛШ од Реал Мадрид, а Салах би дал се за да може да го преигра тој натпревар.




„Нема да заборавам дека добив награди од новинарите и навивачите. Сепак, би ги менувал сите признанија за шансата повторно да го одиграм финалето во Лигата на шампиони“, кажа Салах.