Фудбалерите на Шпанија и Бразил ремизираа 3:3 вчера во Мадрид, во пријателски натпревар.
Натпреварот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ имаше трогателна увертира, бидејќи најдобриот бразилски фудбалер и член на Реал Мадрид, Винисиус се расплака на прес-конференција откако беше прашан за расизамот. Винисиус низ солзи зборуваше дека се што сака е само да игра фудбал, како и дека дури размислувал да замине од Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако дека расизмот е нешто кое не треба да го има на стадионите, но и дека Винисиус е еден од фудбалерите кои често провоцираат на терените се покажа и во овој натпревар.
Бразилецот имаше жестока пресметка со шпанскиот стопер Емерик Лапорт. Во еден момент Винисиус одзади му пријде на Лапорте и малку го удри, а Шпанецот потоа го оттурна.
Потегот на Винисиус поради неговиот претходен настап на прес-конференцијата стана тема на бројни шеги на социјалните мрежи.
"Solo quiero jugar a fútbol 😭🥺😢" pic.twitter.com/Zi67t0D9PL
— Llourinho (@Llourinho) March 26, 2024