Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ се огласи по херојската победа на Македонија

РФМ се огласи по херојската победа на Македонија

Maкедонската ракометна репрезентација вчера триумфираше со потребните осум гола разлика (34:26) и така се пласираше на Светското првенство кое ќе се игра во 2025 година.

Ракометната федерација на Македонија по големата победа изрази благодарност до навивачите за поддршката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа подршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки.

Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

1.ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Women’s EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI) – 28.11.2024-15.12.2024

2.МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF Men’s World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR) – 14.01.2025 – 02.02.20253

3.ЖЕНСКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF WOMEN’S JUNIOR WORLD CHAMPIONSHIP 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024

4. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 20 EHF EURO 2024 (SLO) – 10.07.2024- 21.07.2024

5. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 18 EHF EURO 2024 (MNE) – 07.08.2024- 18.08.2024

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции. Вие сте наша гордост“, соопштија од РФМ

    Коментари
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Мак ракомет

    Проверете

    Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

    Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…