На денешната седница на управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија се донесе одлука за премија од два милиони денари за пласман на машката репрезентација на ЕП, но и 2.5 милиони денари за женската за пласман на СП.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Управниот одмор изгласа премија во висина од два милиони денари ако ракометарите се пласираат на Европското првенство 2024 година во Германија.
Македонија е игра во група со Португалија, Луксембург и Турција, а по четири натпревари имаме четири бода и ни претсојнат натпревари со двата аутсајдери на хартија во групата. Во првите натпревари со овие противници славевме убедливо, па затоа и можеме да очекуваме дека ќе се избориме за пласман на ЕП.
Премија ќе има и за женската ракометна репрезентација ако се изборат за пласман на Светското првенство.
Дамите ги очекува бараж против Украина, првиот натпревар го играме в сабота во Скопје, а реваншот на 12-ти април во Украина.