Капитенот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија Вејн Руни најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ уште во јануари.
Руни во последно време е се почесто на клупата за резерви и во Манчестер Јунајтед и во репрезентацијата на Англија. Тој засега професионално ја поднесува одлуката на Мурињо, меѓутоа повеќе од јасно е дека е апсолутно незадоволен од ваквиот развој на настаните.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Медиумите на Островот најавуваат дека Руни во зимскиот преоден рок да се врати во својот матичен клуб Евертон, каде и ја почна својата фудбалска кариера.
Руни настапуваше во Евертон се до 2004 година кога прејде во Манчестер Јунајтед каде стана една од иконите на клубот во последните 12 години на „Олд Трафорд“.