Дома Трансфер зона Руни заминува, Евертон нема да биде негова следна дестинација!

Руни заминува, Евертон нема да биде негова следна дестинација!

Јасно е каде ќе заврши, конечно започна да размислува со главата наместо со срцето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Мурињо после освојувањето на Лигата на Европа, одговори дека Руни му е потребен и дека ќе разговара со него, фудбалерот е свесен дека неговото време истекува.

Тој ќе замине од клубот, се претпоставува со оштета, а отстранувањето од репрезентација е јасен знак дека Руни сега ќе размислува за пари, наместо со емоции. Евертон отпаѓа, изгледа дека под притисок од менаџерот Руни ќе се пресели во Кина.

Три клуба се заинтересирани, сумата која ќе ја заработува веројатно ќе биде најголема во историјата, се зборува за околу 50 милиони по година. Нити новите правила во кинескиот фудбал, односно даноците нема да ги спречат клубовите од таа земја да го доведат човекот кој практично е заштитно лице на Премиер лигата повеќе од една деценија.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…