Дома Фудбал Репрезентации Руни го откри својот фаворит на Мундијалот и порача: Меси е најдобриот на сите времиња

Руни го откри својот фаворит на Мундијалот и порача: Меси е најдобриот на сите времиња

Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни изјави дека Аргентина е главен фаворит на претстојното Светско првенство во Катар.

Тој исто така додаде дека аргентинската репрезентација повеќе не зависи само од еден играч, бидејќи Лионел Меси има доволен број квалитетни играчи кои можат да му помогнат во желбата да се искачи на светскиот трон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„За мене Аргентина е фаворит. За разлика од 2018 година, покрај Меси имаат голем број на добри играчи како Лаутаро Мартинез, Леандро Паредес, Родриго Де Поло и секако Анхел Ди Марија. Со освојувањето на Копа Америка минатата година ја стекнаа потребната самодоверба што дополнително го намали притисокот врз нив. Ќе им одговара и климата“.

Според Руни, Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Секој има различно мислење за Меси и Роналдо, но јас сум кажал многу пати дека за мене Меси е најдобар. Гледав многу видеа со Диего Марадона кој беше сличен играч во стил, но Меси е подобар. Има се, контрола во играта, дриблинг, асистенции, додека Роналдо е повеќе егзекутор“, изјави Руни во интервју за „Тајмс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…