Дома Фудбал Германија Румениге: УЕФА мора да преземе нешто, следуваат тешки времиња за фудбалот

Румениге: УЕФА мора да преземе нешто, следуваат тешки времиња за фудбалот

Поранешниот извршен директор на Баерн и легенда на клубот Карл Хајнц Румениге ја повика УЕФА да направи јасна регулатива кога се во прашање трансферите и платите на фудбалерите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Румениге направи анализа на ситуацијата на пазарот и разликите меѓу клубовите, го наведе Кристиано Роналдо како пример. Се верува дека португалскиот напаѓач сака да го напушти Јувентус и да направи трансфер, а Румениге предупредува:

„Најголем проблем е неговата плата. Тој заработува 35 милиони евра годишно за што е потребно да се издвојат 70 милиони евра бруто. Кој може тоа да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некој од англиските тимови? Ова е не здрав начин за напредок, УЕФА мора да превземе мерки и да направи нешто“, истакна Румениге.

„Мора да се направи регулација на цената бидејќи трошоците постојано растат, ако не се направи нешто сега, допрва ќе дојдат тешки денови за фудбалот“, порача легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ибра има свој фаворит за Светското првенство: Ако не сте верувале, повторно ќе кажам: почнете да верувате

ЗЛАТАН Ибрахимовиќ верува дека милионите Американци кои искрено ја поддржуваат својата реп…