Дома Фудбал Румениге по поразот изјави дека некој ќе одговара – Дали тоа е Италијанецот?

Румениге по поразот изјави дека некој ќе одговара – Дали тоа е Италијанецот?

Во таборот на Баерн Минхен владее големо разочарување по вчерашниот тежок пораз во Париз од ПСЖ во 2. коло од Лигата на Шампионите.

Претседателот на клубот, Карл Хајнц Румениге изјави дека овој пораз е срамен и дека сигурно ќе има последица, иако не кажа каква.

„Некој ќе мора да одговара. Ова не смееме да го заборавиме, мораме да го анализираме поразот и да видиме поради што дојде до него. Факт е дека во Париз не го гледавме Баерн. Најважно е да се вратиме на победничките патеки и повторно да се претставиме како Баерн Минхен“, изјави Румениге, кој не сакаше да рече дали тоа беше последниот натпревар за Карло Анчелоти на клупата на Баерн.

Многу медиуми Италијанецот веќе го „погребаа“, бидејќи германскиот првак не блеска ниту во домашното првенство, каде што зад водечкиот Борусија Дортмунд заостанува три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…