Дома Фудбал Англија Румениге: Можеби Алкантара сака да игра во врвен англиски клуб

Румениге: Можеби Алкантара сака да игра во врвен англиски клуб

Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара веќе подолго време се поврзува со заминување од германскиот првак.

На Тиаго следната сезона му истекува договорот со минхенскиот великан, па се поизвесно е дека ова лето ќе го напушти клубот за одредена сума.

Тоа го потврди и Румениге, кој за АС изјави:
„Тиаго сега има 29 години, наскоро ќе има 30. За него во иднина ќе биде се потешко и потешко да пронајде некој добар клуб во Европа. Поради тоа мора да имате разбирање. Играше за врвен клуб во Шпанија, за врвен клуб во Германија и можеби сака да оди и игра за врвен клуб во Англија.“

После овие зборови на Румениге може да се заклучи дека Алкантара за Баерн последните натпревари ќе ги одигра во Лисабон, на завршницата во ЛШ. Неговиот тим во четвртфиналето ќе се сретне со неговиот поранешен тим Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Играч на Атлетико позитивен на Ковид-19

Атлетико Мадрид баш нема многу среќа со коронавирусот. Денес клубот од Мадрид го прекина т…