Дома Фудбал Лига на шампиони Румениге: Знам кој играч може да го запре Меси

Румениге: Знам кој играч може да го запре Меси

Фудбалерите на Баерн утре играат против Барселона во рамките од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Како што е веќе познато завршницата од Лигата на шампионите се игра во Лисабон и се игра само еден натпревар. Дербито на четвртфиналето е утре кога силите ќе ги одмерат Баерн и Барселона.

Баварците се благи фаворити во овој натпревар бидејќи се во подобра дорма од Барселона, но Каталонците не смеат да се отпишат. Барса и кога не игра добро може да победи затоа што во тимот има играч како Лео Меси.

Меѓутоа првиот човек на Баерн, Карл Хајнц Румениге смета дека знае кој може да го запре Меси. Тој верува дека Американецот Алфонсо Дејвис кој е одличен сезонава може да го запре Аргентинецот.

„Ако Меси игра на неговата страна Алфонсо ќе се погрижи за него. Сезонава ретко кој успеа да го помине и издрбла“, порача Румениге.

Дејвис оваа сезона одигра 45 натпревари, постигна четири гола и додаде осум асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…