Дома Фудбал Германија Румениге: Двајцата најдобри напаѓачи во светот играат во Бундеслигата

Румениге: Двајцата најдобри напаѓачи во светот играат во Бундеслигата

Роберт Левандовски од почетокот на сезоната 2019/2020 во клупските натпреварувања постигна 112 голови и е убедливо најефикасен играч во тој период.

Левандовски ја предводи листата пред Килијан Мбапе и Кристиано Роналдо со по 76 голови, а четврти на листата е Ерлинг Халанд со 73 гола. Поранешниот генерален директор на Баерн смета дека Левандовски и Халанд се најдобрите напаѓачи на денешницата.

„Со Левандовски во тимот вие го имате најдобриот напаѓач во светот. Халанд е втор најдобар. Баерн сака да го задржи Левандовски и после 2023 година кога ќе му истече актуелниот договор“

Верува дека Реал може да го доведе Халанд.

„Халанд е инвестиција. Мислам дека нема да премине во Ливерпул. Тука не го исклучувам Реал. Можеби на лето ќе го одврзат ќесето и ќе ги доведат Халанд и Мбапе“, изјави Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нов гол на Алиоски за Ал-Ахли🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски продолжува со добрите партии во дресот на Ал-Ах…