Германскиот дефанзивец, Антонио Рудигер би можел да го напушти Челзи на крајот на оваа сезона.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рудигер игра одлично во дресот на лондонскиот клуб, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната.




Двете страни се далеку од постигнување на договор, па 28-годишниот дефанзивец во моментов преговара со 4 клуба, пренесува еминентниот новинар Ди Марцио.




„Тешко дека Рудигер ќе остане во Челзи. Тој преговара со Јувентус, Мачестер Сити, Тотенхем и ПСЖ. Сигурен сум дека следната сезона ќе го гледаме во еден од овие клубови“, изјави Ди Марцио.




Во моментов Рудигер заработува 6,5 милиони евра по сезона, а за да остане во Челзи бара 10 милиони евра годишно.