Дома Фудбал Рудигер го шокира Челзи со своите барања

Рудигер го шокира Челзи со своите барања

Антонио Рудигер ги постави условите на раководството на Челзи за да стави потпис на нов договор.

Англиските медиуми пренесуваат дека Рудигер побарал плата од 225.000 фунти неделно за да го продолжи договорот со лондонскиот клуб.

Договорот на Германецот со „сините“ истекува на крајот на сезоната и двете страни долго време преговараат за продолжување на соработката.

28-годишниот дефанзивец до овој момент одби две понуди од Челзи, првата од 140.000 фунти неделно, а втората од 200.000 фунти.

За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид и Баерн Минхе, кои пат му понудиле 180.000 фунти седмично.

Рудигер преферира да остане во Челзи, но нема да ги намали своите барања, па преговорите ќе продолжат и во наредните недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…