Maкедонскиот талент, Давид Тошевски од пред некое време го официјализираше трансферот во руски Ростов.
Ростов за Тошевски плати 900.000 евра, а Тошевски потпиша договор на пет години и Русите од него очекуваат големи работи. Сега Ростов на спектакуларен начин го претстави македонскиот талент на своите навивачи.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Специјален авион слета на нашиот аеродром, а со него дојде и важна личност за нашиот клуб. Во нашата банда дојде нов суперхерој кој знае како се постигнуваат голови“, стои под видеото објавено во кое го претставуваат Тошевски.